За Мидеа

Уште од нејзиното основање во 1968ма година, Midea од она што некогаш беше локална работилница со текот на годините прерасна во водечки производител на алати за широка потрошувачка и системи за климатизација и вентилација, со операции низ целиот свет. Четириесетте години на издржлив раст во 2014та година донесоа глобален обрт од 23 милијарди долари. Следствено на тоа, Мидеа има повеќе од 100.000 вработени во Кина и низ светот.

Мидеа верува во создавање на вредност преку брзо одговарање на потребите на пазарот, трошковно ефикасни операции и корисничко задоволство. Како резултат, Midea поседува опсежно портфолио на производи и голем производствен капацитет со кои ги задоволува потребите на пазарот. Интегрираниот систем за истражување и производство на Midea помага во збогатување на животните стилови на светско ниво преку посебен асортиман на иновативни, а истовремено достапни производи.

Денес Midea е водечки бренд во Кина и растечки гигант во светот. Компанијата продолжува да ги глобализира своите операции со производствени бази во Виетнам, Белорусија, Египет, Бразил, Аргентина и Индија, кои ќе бидат надополнети со производствони погони и во други држави. Понатаму, Midea ја проширува својата дистрибутивна мрежа во неколку други држави за да понуди подобра услуга на потрошувачите во тие локации.

Од своето излегување на берза во 1993та, Midea бележи непрекинато профитабилни операции и годишно исплаќање на дивиденди. Midea има акумулирана добивка во износ од 19.1 милијарди јуани (околу 3 милијарди долари) од кои 13.8 милијарди јуани во кеш. Во 2014та, исплатата по дивиденда беше 1 милијарда јуани.

Гледајќи напред, Midea е упорна во својата стратегија на преземање на иницијатива да продолжат како динамично претпријатие, со цел да се постигне издржлив раст карактеристичен за еден бизнис од светска класа. Паралелно со своите планови за проширување, Midea е посветена и на својата улога на одговорна компанија на светот.

МИСИЈА: Да создадеме повисок стандард на живот
ВИЗИЈА: Да бидеме сеопфатен добавувач на уреди за климатизација
ЦЕЛ: Технологија која креира можности

HVAC и AGD – Светски лидер во производството на опрема
Повеќе од 40 години искуство
6 фабрики во Кина, 3 фабрики по светот
3% од профитот секоја година оди за истражување и развој на брендови на опрема
Производител на 1/4 од клима уредите на светско ниво